Медиумски ден 2017

Скопје, 06.12.2017г. –  Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, денес, го организира третиот Медиумски ден, при што повеќе печатени, електронски и онлајн медиуми од Скопје, Битола и Куманово ќе бидат домаќини на ученици од повеќе средни училишта од цела Македонија. Идејата на овој настан е публиката, а особено младите, да се запознаат со улогата на медиумите во општеството, начинот на функционирање на една редакција, како и со основните новинарски професионални стандарди.

Медиумите-домаќини кои се приклучија на иницијативата: дневниот весник Нова Македонија, Јавниот сервис МРТ1, ТВ 21 од Скопје, Тера ТВ од Битола, ТВ Плус од Куманово, новинската агенција Макфакс и Радио МОФ, ќе известуваат за посетите на средношколците.



Accessibility

Accessibility