Хроника од 58-та седница

СКОПЈЕ, 07.12.2012-На денешната седница, Советот за радиодифузија ја усвои Информацијата за   регистрација на програмските сервиси застапувани од страна на Здружението за заштита на авторските музички права – ЗАМП Скопје и ги донесе следниве заклучоци:

 

– За јавните радиодифузни сервиси од Европа, Советот за радиодифузија да не бара да му се доставуваат дозволи за застапувани рeшење на радиодифузна дејност, затоа што тие право на вршење радиодифузна дејност стекнуваат врз основа на закон;

 

– За програмските сервиси на VG Media Gmbh (повеќе германски, австриски, холандски и романски комерцијални канали) и RTL Television (комерцијалните канали RTL Television, RTL Television GmbH, Super RTL, n – tv, VOX и RTL II), ЗАМП Скопје да обезбеди дозволи (лиценци) за вршење радиодифузна дејност и да му ги достави на Советот за радиодифузија или со вакви дозволи да ги снабди операторите по што тие поединечно ќе му ги достават овие акти на Советот за радиодифузија;

 

– да се направи контрола на кабелскиот оператор КТВ Пешна ДООЕЛ – Македонски Брод за да се утврди колку програмски сервиси овој оператор реемитува во својот пакет, во услови кога во Советот за радиодифузија има регистрирано само три телевизиски програмски сервиси.

 

СРД ја прифати информацијата за промена на името на телевизискиот програмски сервис DoQ во 24 Кitchen, во програмскиот пакет на ТРД – оператор на кабелска мрежа Спајдер Нет – Гевгелија, со означување на времетраење на договорот до 01.01.2014 година

СРД го усвои барањето на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје за корекција во датумите на договорите и заклучи да издаде коригирана Потврда за регистриран програмски пакет бр.1.

 

СРД ја усвои Предлог – Програмата за работа на Советот за радиодифузија на РМ во 2013 година.

 



Accessibility

Accessibility