Агенцијата им изрече мерки-опомена на ХЕПИРАДИО и РАДИО ЛАВ

image_pdfimage_print

Скопје, 06.12.2017г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен административен надзор врз работата на ХЕПИРАДИО ДООЕЛ Скопје и РАДИО ЛАВ ДООЕЛ Охрид. Кај двата радиодифузери е констатирано прекршување на Законот за медиуми, односно истите не ги објавиле на сопствената програма податоците за сопственичка структура, одговорниот уредник/уредници и за изворите на финансирање во претходната година, како и не доставиле снимки до Агенцијата од објавата во рок од 15 дена од денот на објавувањето.

Агенцијата на горенаведените радиодифузери им изрече мерка-опомена.

Изречените мерки се достапни на следните линкови:

ХЕПИРАДИО – член 15 став 3 од Законот за медиуми – 06.12.2017
РАДИО ЛАВ – член 15 став 3 од Законот за медиуми – 06.12.2017



Accessibility

Accessibility