Активности на Агенцијата поврзани со родот во медиумите

image_pdfimage_print

Мизогинија и сексизам на програмите на три радио станици

Во ноември 2017 година, Агенцијата утврди дека емитуваните спотови од заедничка кампања во сопствена продукција на Сити Радио, Клуб ФМ и Метрополис Радио Мрежа, која, како што се вели во нив, е наменета за „сите пре-еманципирани жени“, претставуваат дискриминација врз основа на пол, ширење мизогинија и сексизам што е флагрантно кршење на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поради што поднесе претставка до Комисијата за заштита од дискриминација на РМ. Повеќе информации на линкот.
 Во врска со поднесената претставка на Агенцијата, Комисијата за заштита од дискриминација на РМ до Агенцијата, во февруари 2018 година достави Допис – мислење со кое се утврдува вознемирување по родова основа направено од страна на Сити радио, кое предизвикува повреда на достоинството на жената, со спотовите од кампањата за прееманципираните жени емитувани на 30 октомври 2017 година.

===========================================================================================================================

Промовирани ТВ и радио спотови против сексизмот во медиумите и истражување за родот во телевизиските програми во 2017г.

Со цел да се сврти вниманието на медиумите кон препознавање на важноста на информирањето за родовите прашања, како и да се поттикне надминување на родовите стереотипи, Агенцијата на 1 март 2018 година ги претстави резултатите од истражувањето за родот во телевизиските програми во 2017 година и промовираше ТВ и радио спотови против сексизмот во медиумите. Повеќе информации за настанот на следниот линк

============================================================================================================================

 



Accessibility

Accessibility