Активности на други субјекти поврзани со медиумската писменост

image_pdfimage_print

Конференција „Медиумската писменост во Македонија: во или вон образованието“

На 22 февруари 2018 година во Скопје, се одржа конференцијата „Медиумската писменост во Македонија: во или вон образованието“, на која се потенцираше потребата од континуирани обуки на наставниот кадар во основните и средните училишта. Настанот беше организиран од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите (ИРМ) од Лондон и дневниот весник „Нова Македонија“.

Повеќе информации за конференцијата на следниот линк: http://medium.edu.mk 

============================================================================================================================

Прирачник за Заштита на личните податоци и медиумите

Во рамките на проектот „Заштита на личните податоци и медиумите“ финансиран од ИПА ТАИБ 2012 програмата од Европска Унија со поддршка на Дирекцијата за заштита на личните податоци е изработен Прирачник – Заштита на личните податоци и медиумите. Истиот е достапен на следниот линк

На 28 и 29 март во Скопје во организација на Македонскиот институт за медиуми се одржа регионална конференција „Медиумската писменост и образовните потреби на новинарите и на јавноста“.

Конференцијата се организираше во рамки на регионалниот проект „Партнерство за развој на медиумите во Југоисточна Европа“, кој го спроведува Центарот за независно новинарство од Романија во соработка со осум медиумски организации од Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија и Бугарија, а со поддршка од Европската Унија.

============================================================================================================================

Водич за родители за заштита на приватноста и личните податоци на децата на интернет

Во интерес на заштита на детската популација од пристап кон недолични содржини и комуникации, како и од злоупотреба на личните податоци на социјалните мрежи, Дирекцијата за заштита на личните податоци и Метаморфозис, Фондација за интернет и општество и средните училишта на Град Скопје, изработија Водич за родители за заштита на приватноста и личните податоци на децата на интернет.

Агенцијата го објавува линкот до Прирачникот како дел од соработката чија крајна цел е создавање мрежа од релевантни чинители кои ќе соработуваат за подигнувањето на нивото на медиумската писменост на граѓаните во Република Македонија. Прирачникот може да се преземе на следниот линк:

Водич за родители за заштита на приватноста и личните податоци на децата на интернет

============================================================================================================================

Конференција „Медиумската писменост како предуслов за активно граѓанство“

На 27 октомври 2016г. се одржа конференцијата „Медиумската писменост како предуслов за активно граѓанство“, на која беше претставен извештајот од истражувањето „Медиумската писменост во Македонија: алката што недостасува за активно граѓанство“. Настанот беше организиран од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“, а беше поддржан од Европската Унија. Повеќе информации за публикацијата, за конференцијата и за други активности и информации на Високата школа во врска со медиумската писменост на: http://www.medium.edu.mk/



Accessibility

Accessibility