Вонреден административен надзор врз РА Роса – АБ и врз РА Блета

image_pdfimage_print

Скопје, 16.05.2019 – За почитувањето на обврските од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување, Агенцијата изврши вонреден административен надзор врз радио Роса – АБ ДООЕЛ Скопје и врз радио Блета ДООЕЛ Тетово.

Надзорот покажа дека радиодифузерите ги исполнуваат минималните кадровски услови утврдени во овој Правилник.

Извештаите се достапни на следните линкови:

  • Роса – АБ ДООЕЛ Скопје  – (член 9 од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување) – 16.05.2019
  • Блета ДООЕЛ Тетово  – (член 9 од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување) – 16.05.2019


Accessibility

Accessibility