Вонреден надзор врз ТВ Сител – заштита на малолетната публика

image_pdfimage_print

Скопје, 12 април 2019г. – По добиени претставки, вонреден програмски надзор за почитувањето на обврските за заштита на малолетната публика извршен е врз ТВ Сител.

Надзорот го опфати играниот серијал „Далеку од дома“ емитуван на програмата на ТВ Сител на 1, 4, 5, 6, 7, 8, 11, 12, 13 и 14 март 2019 година, во однос на категоризацијата и периодот на емитување. При надзорот не се констатирани прекршувања на ЗААВМУ.

Извештајот од надзорот е достапен на следниот линк:

ТВ Сител (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 12.04.2019



Accessibility

Accessibility