Вонреден надзор врз ТВ Телма за правилата за заштита на малолетната публика

image_pdfimage_print

Скопје, 14.02.2019 – По добиена претставка, Агенцијата изврши вонреден програмски надзор врз програмата на ТВ Телма, емитувана на 14, 15, 16, 17, 21 и 22 јануари 2019 година. Надзорот покажа дека спротивно на правилата за заштита на малолетната публика, играниот серијал „Животинско кралство“, во овие денови се емитуваше како програма од Трета категорија (12+) и во несоодветен временски период од деноноќието, пред 22 часот.

Според критериумите од Правилникот за заштита на малолетните лица, серијалот треба да биде означен како програма од Четврта категорија (16+), што не се препорачува за деца под 16 години и може да се емитува само во периодот од 22:00 до 05:00 часот.

Извештајот од надзорот е достапен на линкот:
ТВ Телма (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 06.03.2019



Accessibility

Accessibility