Вонреден програмски надзор врз КДС-Кабел Нет Прилеп

image_pdfimage_print

Скопје, 22.11.2017г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги спроведе вонреден програмски надзор врз кабелскиот оператор КДС-Кабел Нет Прилеп, со цел да утврди дали операторот ги испочитувал правилата – за емитување или реемитување програмски сервиси со порнографија во кодиран облик, за титлување, за регистрирање програмски сервиси согласно член 141, и за реемитување на програмски сервиси на домашни радиодифузери само во сервисната зона за која радиодифузерите имаат добиено дозвола за обезбедување на ТВ или радио емитување и врз основа на регулирани авторски и сродни права, согласно Законот за авторските права и сродните права.


При надзорот не се констатирани прекршувања.

Извештајот од вонредниот надзор е достапен на следниот линк



Accessibility

Accessibility