Вонреден програмски надзор врз 1 ТВ – начела за вршење на дејноста

image_pdfimage_print

Скопје, 15 март 2019 година – По добиена претставка, Агенцијата изврши вонреден програмски надзор врз самопромотивната најава на емисијата „Македонски инсајдер“ – во делот посочен како „Досие 003“ (мафија на квадрат“), емитувана на 1 ТВ на 15 и 16 јануари 2019 година.

Надзорот покажа дека во најавата за оваа емисија, која во неколку наврати беше емитувана на 15 и на 16 јануари 2019 година, не е почитувано начелото за заштита на достоинството на личноста на лицеето Зоран Азманов, кој беше ставен во негативен контекст, односно во контекст на „градежна мафија“ и „мафија на квадрат“, без да бидат понудени докази или спротивен или поинаков став.

Извештајот од надзорот е достапен на линкот:

1 ТВ (член 61 став 1 алинеја 1 од ЗААВМУ) – 15.03.2019



Accessibility

Accessibility