Донесена Методологија за мониторинг на изборното медиумско претставување за време на изборни процеси

image_pdfimage_print

Скопје, 08.02.2019 – На вчерашната 7-ма седница за 2019 година, Советот на Агенцијата согласно Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик од 5 февруари 2019 година, ја донесе Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси.

Во Методологијата се содржани сите релевантни одредби за медиумското претставување за време на избори и се прецизира начинот на кој Агенцијата го врши мониторингот. Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување за време на изборни процеси е достапна на линкот.



Accessibility

Accessibility