Завршени расправи во 2016 година

image_pdfimage_print

Јавна расправа за Нацрт-методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори 2016 година

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на 28-та седница, одржана на 17 август 2016 година ја усвои Нацрт-методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори во 2016 година.

Јавната расправа за текстот од работната верзија на методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување, започна порано, од 10 август 2016 година, со цел да им се обезбеди на сите заинтересирани субјекти повеќе време да достават предлози, коментари или забелешки. Расправата за Нацрт-методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори во 2016 година, траеше до 24 август.

Агенцијата ги повика сите заинтересирани страни предлози и мислења за Нацрт-методологијата да достават на е-адресата contact@avmu.mk најдоцна до 24 август 2016 година.

Нацрт-Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори во 2016 година, може да се преземе на следниот линк

Предлози и забелешки за Нацрт-Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување:

– Предлози и забелешки поднесени од Лазо Петрушевски, Претседател на Советот на Агенцијата download
– Предлози и забелешки поднесени од Љубомир Костовски, член на Привремената комисија за следење на медиумското претставување download
– Предлози и забелешки поднесени од Зоран Фиданоски член на Советот на Агенцијата download
–  Предлози и забелешки поднесени од Цветин Чилиманов download
–  Предлози и забелешки поднесени од Иван Мирчевски download

Добиените мислења и коментари од јавната расправа во врска со изработката на Методологијата за изборно медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори во 2016 година и ставот на Агенцијата, можат да се преземат на следниот линк download


Jавна расправа за текстот на Нацрт – правилник за начинот на вршење на видео надзор во објектот Палата Панко Брашнаров

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 30 јуни 2016 година отвори јавна расправа за текстот на Нацрт – правилникот за начинот на вршење на видео надзор во објектот Палата Панко Брашнаров, од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Агенцијата ги повика сите заинтересирани страни најдоцна до 07 јули 2016 година, да достават забелешки, на е-адресата contact@avmu.mk


Јавна расправа за Нацрт-Правилникот за утврдување на локациите до кои ОЈЕКМ кои реемитуваат програмски сервиси и давателите на аудиовизуелни медиумски услуги по барање се должни да го испорачаат својот сигнал

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 28 април 2016 година, отвори јавнa расправa за текстот на НАЦРТ-ПРАВИЛНИК ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ЛОКАЦИИТЕ ДО КОИ ОПЕРАТОРИТЕ НА ЈАВНИ ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИСКИ МРЕЖИ КОИ РЕЕМИТУВААТ ПРОГРАМСКИ СЕРВИСИ И ДАВАТЕЛИТЕ НА АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ ПО БАРАЊЕ СЕ ДОЛЖНИ ДА ГО ИСПОРАЧААТ СВОЈОТ СИГНАЛ.

Агенцијата ги повика сите заинтересирани страни со свои мислења и предлози во писмена форма, да учествуваат во јавната расправа најдоцна до 27 мај 2016 година. Мислењата и предлозите можеа да се доставуваат по електронски пат на irena.bojadzievska@avmu.mk и argjend.xhelili@avmu.mk или по пошта на ул. „Македонија“ бр.38, 1000 Скопје.

– Мислењето по Нацрт-Правилникот за утврдување на локациите до кои ОЈЕКМ кои реемитуваат програмски сервиси и давателите на аудиовизуелни медиумски услуги по барање се должни да го испорачаат својот сигнал, доставено од Стопанска интересна заедница на оператори на кабелска мрежа МК НЕТ-Скопје, може да се погледне на следниот линк

Добиени мислења и коментари по Нацрт-Правилник за утврдување на локациите до кои операторите на јавни електронски комуникациски мрежи кои реемитуваат програмски сервиси и давателите на аудиовизуелни медиумски услуги по барање се должни да го испорачаат својот сигнал и ставот на Агенцијата


Јавна расправа за текстот на „Нацрт-План за дополнување на планот за создавање систем на технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 29 јануари 2016 година, отвори Јавна расправа за текстот на „Нацрт-План за дополнување на планот за создавање систем на технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“ и истиот може да се преземе на следниот линк:

Нацрт-План за дополнување на планот за создавање систем на технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Агенцијата ги повика сите заинтересирани страни, најдоцна до 4 февруари 2016 година, да достават свои мислења и ставови на следната е-адреса: i.mufiseva@avmu.mk


Jавна расправа за Нацрт-Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за утврдување на локациите за прибирање сигнали од операторите на ЈЕКМ и даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 12 декември 2015година отвори јавнa расправa за текстот на Нацрт-Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за утврдување на локациите за прибирање сигнали од операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и давателите на аудиовизуелните медиумски услуги по барање. Агенцијата ги повика сите заинтересирани страни со свои мислења и предлози во писмена форма, да учествуваат во јавната расправа најдоцна до 10 јануари 2016 година.
 
Мислењата и предлозите можеа да се достават по електронски пат на irena.bojadzievska@avmu.mk и argjend.xhelili@avmu.mk или по пошта на ул. „Македонија“ бр.38, 1000 Скопје.
 
 



Accessibility

Accessibility