Завршени јавни расправи во 2015 година

image_pdfimage_print
Јавна расправа по Нацрт-методологијата за мониторинг на изборното претставување
 
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 15 декември 2015 година ги повика медиумите, политичките партии и сите други заинтересирани субјекти да се вклучат во јавната расправа по Нацрт-методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиски програмски сервиси за време на изборни процеси. Според Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик од 10 ноември 2015 година, Агенцијата има обврска да ја донесе Методологијата во рок од 60 дена од донесувањето на овој законик, односно до 8 јануари 2016 година. Имајќи ги предвид кратките рокови за усвојување на документот, сите заинтересирани страни можеа да достават свои мислења и коментари по нацрт текстот на Методологијата најдоцна до 27 декември 2015 година. За да обезбеди максимална транспарентност на процесот на усвојување на документот, како и повеќе можности сите релевантни субјекти да се вклучат во јавната расправа, Агенцијата ја презентираше Нацрт-методологијата на својот четврт јавен состанок кој се одржа на 22 декември 2015 година, во просториите на Агенцијата.
 
Нацрт – Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборните процеси може да се преземе на следниот линк
Нацрт – ставот на Агенцијата за обврската да врши надзор врз медиумското преставување на интернет порталите може да се преземе на следниот линк

Забелешките од страна на Центарот за равој за медиуми во врска со Добиените мислења и коментари од јавната расправа во врска со изработката на Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиски програмски сервиси за време на изборни процеси и ставот на Агенцијата може да ги преземете тука


Јавна расправа за текстот на Нацрт – Упатство за изменување и дополнување на Упатството за начинот на мерење на гледаноста и слушаноста на програмите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 6 ноември 2015 година  отвори јавна расправа за текстот на Нацрт – Упатство за изменување и дополнување на Упатството за начинот на мерење на гледаноста и слушаноста на програмите.

Нацрт – Упатството за изменување и дополнувaње на Упатството за начинот на мерење на гледаноста и слушаноста на програмите, односно програмските сервиси на радиодиофузерите во Република Македонија download
Агенцијата ги повика сите заинтересирани страни со свои мислења и ставови во писмена форма, да учествувате во јавната расправа која завршува на 7 декември 2015 година, по електронски пат на m.dovleva@avmu.mk  или по пошта на ул. „Македонија“ бр.38, 1000 Скопје.

Jавна расправа за текстот на Нацрт – програмата за поттикнување на медиумската писменост во Република Македонија

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги отвори јавна расправа за текстот на Нацрт – програмата за поттикнување на медиумската писменост во Република Македонија.
Нацрт – програмата за поттикнување на медиумската писменост во Република Македонијаdownload

Агенцијата ги повика сите заинтересирани страни со свои мислења и ставови во писмена форма, да учествуваат во јавната расправа која траеше до 17 август 2015 година, по електронски пат на e.petreska-kamenjarova@avmu.mk или по пошта на ул. „Македонија“ бр.38, 1000 Скопје.


Jавна расправа за текстот на Нацрт – програмата за обезбедување достапност до медиумите на лицата со сетилна попреченост

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 30 април 2015 година отвори јавна расправа за текстот на Нацрт – програмата за обезбедување достапност до медиумите на лицата со сетилна попреченост download

Оваа програма е дел од реализирањето на активностите предвидени со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (член 26) и со Стратегијата за развој на радиодифузната дејност 2013-2017. Во нејзината подготовка се вклучени експертки ангажирани преку ИПА проект финансиран од Европската комисија. Агенцијата ги повика сите заинтересирани страни со свои мислења и ставови во писмена форма, да учествуваат во јавната расправа која траеше до 15 јуни 2015 година.

Коментари во врска со Нацрт – програмата за обезбедување достапност до медиумите на лицата со сетилна попреченост:
– Коментари од Јавниот Сервис МРТ 1 – Виолета Совкароваска download
– Коментари од Јавниот Сервис МРТ 1 – Марија Башеска download
– Коментари од Народен правобранител download
– Коментари од Нaционална федерација за спорт и рекреација на инвалидите во Македонија download
– Коментари од Слободан Беличански download


Јавна расправа за Нацрт – Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување и Нацрт – Листа на информации од јавен карактер на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

На 15-та седница одржана на 6 април 2015 година, Советот на Агенцијата усвои еден Нацрт – Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување бр.01-5774/1 од 21.11.2014 година и една Нацрт – Листа на информации од јавен карактер на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Нацрт – Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување бр.01-5774/1 од 21.11.2014 година   download

Нацрт – Листа на информации од јавен карактер на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги download

Агенцијата ги повика сите заинтересирани страни најдоцна до 6 мај 2015 година, да достават забелешки по наведените документи, на е-адресата contact@avmu.mk или на поштенската адреса на Агенцијата: бул. „ВМРО“ бр. 3, 1000 Скопје.


 Јавна расправа за два Нацрт – Правилници и еден Нацрт – Кодекс

На 7-та седница одржана на 27 февруари 2015 година, Советот на Агенцијата усвои Нацрт – Правилник за нови рекламни техники, Нацрт-Правилник за утврдување на локациите за прибирање сигнали од ОЈЕКМ и даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање и Нацрт Кодекс за однесување на членовите на Советот и вработените во стручната служба на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Агенцијата ги повика сите заинтересирани страни најдоцна до 26 март 2015 година, да достават забелешки по наведените документи, на е-адресата contact@avmu.mk или на поштенската адреса на Агенцијата: бул. „ВМРО“ бр. 3, 1000 Скопје.
Нацрт – Правилник за нови рекламни техники download
Нацрт – Правилник за утврдување на локациите за прибирање сигнали од ОЈЕКМ и даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање download
Нацрт – Кодекс за однесување на членовите на Советот и вработените во стручната служба на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услугиdownload
Добиени мислења и коментари по Нацрт – Правилник за утврдување на локациите за прибирање сигнали од ОЈЕКМ и даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање и ставот на Агенцијата download

Доставени забелешки на Нацрт – Правилникот за утврдување на локациите за прибирање сигнали од ОЈЕКМ и даватели на аудиовизуелни медиумски услуги:

Доставени предлози и дополнувања на Нацрт-Кодексот за однесување на членовите на Советот и вработените во стручната служба на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги: 



Accessibility

Accessibility