Известување од Вишото јавно обвинителство во врска со говорот на омраза на ТВ Сител во декември 2016г

Скопје, 20.12.2017. – Во врска со постапувањето на Основното јавно обвинителство Скопје по барањето на Агенцијата за ТРД Сител ДООЕЛ Скопје, поради поттикнување и ширење дискриминација, нетрпеливост и омраза во повеќе прилози во четири последователни изданија на дневно-информативната емисија „Дневник’, во 19 и 23 часот, емитувани на 2, 3, 4 и 5 декември 2016 година, Агенцијата до Вишото јавно обвинителство поднесе барање за вршење надзор врз неговата работа.

Вишото јавно обвинителство ја извести Агенцијата дека Основното јавно обвинителство Скопје постапило правилно кога заклучило дека нема место за јавнообвинителска интервенција „со оглед на фактот дека имајќи ги во предвид прилозите произлегува дека истите содржат наводи кои се емитувани во време на изборна кампања со намера да се постигне определена политичка цел, но не и предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост “ бидејќи нема дејствија на присилба, малтретирање, загрозување на сигурноста итн. 

Известувањето од Вишото јавно обвинителство може да се преземе на следниот линк

Известувањето од Јавното обвинителство може да се преземе на следниот линк

Извештајот од вонредниот надзор врз ТВ Сител може да се преземе на следниот линк