Извештај за изборното медиумско претставување во вториот круг од изборната кампања

image_pdfimage_print

Скопје, 10 мај 2019 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го објави извештајот за изборното медиумско претставување на радиодифузерите во периодот од 22 април до 3 мај 2019 година. Во него се прикажани показателите за начинот на известување на 21 медиум, наодите за преостанатите 11 регионални и локални телевизии кои беа предмет на овој мониторинг ќе бидат објавени во посебен извештај.

Како и во целиот изборен процес, и сега, известувањето кај националните медиуми беше концентрирано на изборите за претседател на Републиката, со тоа што и онаму каде што се појавуваа информации за локалните избори, тоа најчесто беа еден до два прилога. Фокусот на обично помалубројните информации, кај регионалните и локалните телевизии остана на локалните избори.

Одлика на медиумското претставување во вториот круг беше настојувањето да се обезбеди еднаков пристап во известувањето за активностите од кампањите на кандидатите за претседател Гордана Силјановска – Давкова и Стево Пендаровски, било индивидуално било со претставници на партиите кои ги поддржаа нивните кандидатури. Во известувањето за Предвремените локални избори кое беше кусо, се настојуваше да се почитува принципот на еднаквост.

Тонот при известувањето за активностите од изборните кампањи на кандидатите за претседател и за градоначалници беше генерално неутрален.

Известување за изборниот процес за лицата со оштетен слух на знаковен/толковен јазик обезбедија Јавниот сервис МРТ1, ТВ 24 Вести и регионалната ТВМ со седиште во Охрид.

Извештајот за изборното медиумско претставување на радиодифузерите во вториот круг од кампањата на Изборите 2019 е достапен на следниот линк 



Accessibility

Accessibility