Извршен контролен надзор врз ТВ КТВ, ТВ М и ТВ УСКАНА ЕДЕН

image_pdfimage_print

Скопје, 13.09.2018г. – Врз ТВ КТВ, ТВ М и ТВ УСКАНА ЕДЕН, извршен е контролен програмски надзор за да се утврди дали е постапено по Решенијата за преземање мерка-опомена, претходно упатени од Агенцијата заради неисполнување на обврските за емитување програма изворно создадена во РМ.

Со надзорот е констатирано дека на 4 септември 2018 година, ТВ УСКАНА ЕДЕН од Тетово воопшто нема емитувано изворно создадена програма на албански и македонски јазик, со што не е исполнет законскиот минимум за емитување најмалку 50% програма изворно создадена во РМ на македонски јазик или на јазиците на немнозинските заедници кои живеат во РМ, од која половина во периодот од 7.00 до 19.00 часот. Останатите две телевизии ја исполниле оваа законска обврска.

Извештаите се достапни на линковите:

ТВ КТВ – (член 92 ставови 1 и 14 од ЗААВМУ) – 12.09.2018

ТВ М – (член 92 ставови 1 и 14 од ЗААВМУ) – 12.09.2018

ТВ УСКАНА ЕДЕН – (член 92 ставови 1 и 14 од ЗААВМУ) – 12.09.2018



Accessibility

Accessibility