Извршен надзор врз ТВ АРТ ЧАНЕЛ и ТВ ШЕЊА

image_pdfimage_print

Скопје, 11.07.2018г. – За почитувањето на обврската од буџетот наменет за програми да издвои најмалку 10% за европски аудиовизуелни дела од независни продуценти, при што најмалку половина од истите да бидат произведени во последните пет години, како и да обезбеди најмалку 51% од вкупно емитуваните програми во текот на годината, да бидат европски аудиовизуелни дела, врз ТВ АРТ ЧАНЕЛ од Тетово Агенцијата изврши редовен програмски надзор. Надзорот покажа дека радиодифузерот постапил согласно законските одреби.

Агенцијата изврши и контролен програмски надзор на ТВ Шења од Скопје, за да се утврди дали радиодифузерот постапил согласно обврската дневно да емитува најмалку 50% програма изворно создадена во РМ на македонски јазик или на јазиците на немнозинските заедници кои живеат во РМ, од која половина во периодот од 7.00 до 19.00 часот.

Надзорот покажа дека истиот радиодифузер не постапил по Решението за изрекување мерка – опомена која претходно му беше упатено од страна на Агенцијата.

Извештаите може да се преземат на следните линкови:

ТВ АРТ ЧАНЕЛ – (член 91 став 1 од ЗААВМУ) – 11.07.2018
ТВ АРТ ЧАНЕЛ – (член 91 став 2 од ЗААВМУ) – 11.07.2018
ТВ ШЕЊА – (член 92 ставови 1 и 14 од ЗААВМУ) – 11.07.2018



Accessibility

Accessibility