Извршен програмски надзор врз пет регионални телевизии

image_pdfimage_print

Скопје, 11.07.2018 – Агенцијата спроведе редовен програмски надзор врз ТВ Студио ТЕРА, КТВ, ТВ УСКАНА, ТВ М и ТВ ТОПЕСТРАДА за обврските за употреба на јазикот во програмите на радиодифузерите, емитување на 8 часа дневно програма на телевизијата и обврската дневно да емитуваат најмалку 50% програма изворно создадена во РМ на македонски јазик или на јазиците на немнозинските заедници кои живеат во РМ, од која половина во периодот од 7.00 до 19.00 часот.

Со надзорот е констатирано дека спротивно на законот постапиле КТВ, ТВ УСКАНА и ТВ М , кои на својата програма не емитувале 50% програма изворно создадена во РМ.

Извештаите може да се преземат на следните линкови:

ТВ Студио ТЕРА – (член 64, член 90 и член 92 ставови 1 и 14 од ЗААВМУ) – 11.07.2018
КТВ – (член 64, член 90 и член 92 ставови 1 и 14 од ЗААВМУ) – 11.07.2018
ТВ УСКАНА – (член 64, член 90 и член 92 ставови 1 и 14 од ЗААВМУ) – 11.07.2018
ТВ М – (член 64, член 90 и член 92 ставови 1 и 14 од ЗААВМУ) – 11.07.2018
ТВ ТОПЕСТРАДА – (член 64 и член 90 од ЗААВМУ) – 11.07.2018



Accessibility

Accessibility