Извршен програмски надзор врз четири национални телевизии

image_pdfimage_print

Скопје, 12.04.2018г. – Агенцијата спроведе редовен програмски надзор врз ТВ Арт Чаннел, ТВ КОМПАНИ 21-М, Телевизија Нова и ТВ Шења, за обврските за употреба на јазикот во програмите на радиодифузерите, емитување на 12 часа дневно програма на телевизијата и обврската дневно да емитуваат најмалку 50% програма изворно создадена во РМ на македонски јазик или на јазиците на немнозинските заедници кои живеат во РМ, од која половина во периодот од 7.00 до 19.00 часот.

Со надзорот е констатирано дека спротивно на законот постапиле ТВ Арт Чаннел и ТВ Шења, кои на својата програма не емитувале 50% програма изворно создадена во РМ.

Извештаите може да се преземат на следните линкови:

Арт Чаннел – (член 64, член 90 и член 92 ставови 1 и 14 од ЗААВМУ) – 12.04.2018
КОМПАНИ 21-М – (член 64, член 90 и член 92 ставови 1 и 14 од ЗААВМУ) – 12.04.2018
Телевизија Нова – (член 64, член 90 и член 92 ставови 1 и 14 од ЗААВМУ) – 12.04.2018
ТВ Шења – (член 64, член 90 и член 92 ставови 1 и 14 од ЗААВМУ) – 12.04.2018



Accessibility

Accessibility