Извршен програмски надзор врз шест радиодифузери

image_pdfimage_print

Скопје, 13.07.2018 – Агенцијата спроведе редовен програмски надзор врз ТВ КТВ, ТВ СТУДИО ТЕРА, ТВ ТОПЕСТРАДА, ТВ М и ТВ УСКАНА ЕДЕН за обврските за заштита на малолетните лица што би можеле да му наштетат на нивниот физички, психички или морален развој, правила за емитување аудиовизуелни комерциални комуникаци, обврски при обезбедување квизови или други обилици на наградното учество, користење телефонски услуги со додадена вредност и телефонско гласење и емитување игри на среќа.

Со надзорот е констатирано дека на 1 јуни 2018 година, во програмата на ТВ Студио ТЕРА, во репризното издание на информативната специализирана програма „Фактор Здравје е емитувано прикриено рекламирање на компанијата „Витлија“ и нејзините производи.

На програмата на ТВ УСКАНА ЕДЕН на 1 јуни 2018 година, емитувани се рекламни блокови со времетрање подолго од дозволените 12 минути на еден реален час.

Агенцијата изврши и контролен програмски надзор врз ТВ АРТ ЧАНЕЛ од Тетово, за да утврди дали  радиофузерот постапил по решението за преземање мерка – опомена претходно упатено од Агенцијата. Со надзорот е констатирано дека истиот радиодифузер во целост ја остранил извршената повреда на член 92 став 14 од ЗААВМУ.

Извештаите може да се преземат на следните линкови:

 ТВ КТВ – (член 50 став 3, членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 13.07.2018

 ТВ СТУДИО ТЕРА – (член 50 став 3, членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 13.07.2018

 ТВ ТОПЕСТРАДА – (член 50 став 3, членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 13.07.2018

 ТВ М – (член 50 став 3, членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 13.07.2018

 ТВ УСКАНА ЕДЕН – (член 50 став 3, членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 13.07.2018

ТВ УСКАНА ЕДЕН – (член 50 став 3, членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 13.07.2018

ТВ АРТ ЧАНЕЛ – (член 92 став 14 од ЗААВМУ) – 13.07.2018



Accessibility

Accessibility