Редовен програмски надзор врз 9 телевизии на државно ниво

image_pdfimage_print

Скопје, 23.11.2017г. – За повеќе одредби од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен програмски надзор врз националните телевизии – ТВ Сител, ТВ Канал 5, ТВ Телма, ТВ Алсат-М, ТВ Алфа, ТВ Нова, ТВ Шења, ТВ Арт Чаннел и ТВ Компани 21-М. Надзорот е предвиден во планот за програмски надзор за 2017 година, а се реализираше по завршување на Локалните избори.

За одредбите кои се однесуваат на правилата за програми со наградно учествување, утврдено е прекршување кај ТВ Алфа, додека кај ТВ Алсат М, ТВ Телма и ТВ Арт Чаннел прекршување на одредбата за емитување изворно создадена програма. 

Извештаите од редовниот надзор се достапни на линковите во прилог:

Извештаи од надзор за одредбите од член 50 став 3, член 53, 54, 55, 98, 99, 100, 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ

Извештаи од надзор за одредбите од член 64 став 3, член 90 и член 92 ставови 1 и 14 од ЗААВМУ

 



Accessibility

Accessibility