Изречени мерки-опомена на ТВ Алсат – М и ТВ Телма

Скопје, 16.04.2018г. – Врз основа на редовен административен надзор и констатирано непочитување на обврската за објавување импресум, Агенцијата на ТВ Алсат – М и изрече мерка-опомена. Со надзорот беше утврдено дека ТВ Алсат – М во рамките на својот програмски сервис, во дел од емитуваните програми на 2 март 2018 година, не ги објави податоците што е должен да ги емитува на соодветно место за секоја содржина од програмскиот сервис.

Мерка-опомена е изречена и против ТВ Телма, поради непочитување на обврската за заштита на малолетните лица од програми што можат да наштетат на нивниот физички, психички или морален развој, при емитувањето на серијалот „Пабло Ескобар, господар на злото“ на 2 март 2018 година.

Изречените мерки се достапни на следните линкови:

ТВ Алсат – М

ТВ Телма