Изречени мерки-опомена на ТВ Арт Чаннел и ТВ Шења

image_pdfimage_print

Скопје, 17.04.2018г. – Врз основа на редовен програмски надзор и констатирано непочитување на обврските за емитување музика и за програми изворно создадени во РМ, на ТВ Арт Чаннел и ТВ Шења им е изречена мерка-опомена.

Надзорот покажа дека на програмскиот сервис на ТВ Арт Чаннел на 14 март 2018 година, не е емитувана половина од изворно создадената програма во РМ на албански и турски јазик во периодот од 7:00 до 19:00 часот, додека на програмата на ТВ Шења на 13 март 2018 година, не е емитувана најмалку 50% програма изворно создадена во РМ на албански, македонски и турски јазик, од која најмалку половина не е емитувана во период од 7:00 до 19:00 часот.

Изречените мерки се достапни на следните линкови:
Арт Чаннел – (член 92 став 14 од ЗААВМУ) – 16.04.2018
ТВ Шења – (член 92 ставови 1 и 14 од ЗААВМУ) – 16.04.2018



Accessibility

Accessibility