Изречени мерки-опомена на ТВ КОМПАНИ 21 – М, Радио ПРО ФМ и месечниот магазин Порта 3

image_pdfimage_print

Скопје, 24.04.2018г. – Врз основа на редовен програмски надзор врз програмата на ТВ КОМПАНИ 21 – М и констатирано непочитување на обврската за заштита на малолетните лица од програми што можат да наштетат на нивниот физички, психички или морален развој, Агенцијата на овој радиодифузер му изрече мерка опомена. Мерка-опомена изречена е и на Радио ПРО ФМ од Гостивар, поради тоа што во законски предвидениот рок не достави до Агенцијата писмен извештај за спроведувањето на обврските утврдени во дозволата за радио емитување.

За не објавување податоци за сопственичката структура во еден дневен весник и за не доставување исечок за истото до Агенцијата, на Биро Прес ДОО Скопје, издавач на магазинот Порта 3 му е изречена мерка-опомена.

Изречените мерки може да се преземат во линковите подоле:

КОМПАНИ 21 – М – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 24.04.2018
Радио ПРО ФМ – (член 15 став 5 од Законот за медиуми) – 24.04.2018
Порта 3 – (член 15 став 2 од Законот за медиуми) – 24.04.2018



Accessibility

Accessibility