Изречени мерки-опомена на ТВ Телма и ТВ Нова

image_pdfimage_print

Скопје, 04.12.2017г. – При редовниот програмски надзор врз ТВ Телма ДООЕЛ Скопје и ТВ Нова ДООЕЛ Скопје, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги утврди непочитување на одредбите од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поради што им изрече мерка-опомена.

Мерка-опомена на ТВ Телма и е изречена поради неемитување половина од изворно создадената програма во РМ на македонски јазик, во периодот од 07:00 до 19:00 часот. На ТВ Нова Агенцијата и изрече мерка-опомена поради непочитување на законската обврска за процентуална распределба на емитуваната музика – 50% да биде народна и 50% забавна, и исто така во периодот од 07:00 до 19:00 не емитувала најмалклу половина од законскиот минимум, ниту пак обезбедила соодветна процентуална застапеност на народната и забавната музика во наведениот период.

Изречените мерки може да се преземат на следните линкови:

ТВ Телма – член 92 став 14 од ЗААВМУ – 04.12.2017
ТВ Нова – член 92 ставови 4 и 6 од ЗААВМУ – 04.12.2017



Accessibility

Accessibility