КАМПАЊАТА СО ПОМАЛ ИНТЕНЗИТЕТ КАЈ РЕГИОНАЛНИТЕ ТВ ГОЛЕМ ОБЕМ ПЛАТЕНО ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ

image_pdfimage_print

Скопје, 20 октомври, 2017 година:

Регионални ТВ

Радиодифузерите на регионално ниво во првиот круг од Локалните избори кампањата ја покриваа со помал интензитет, генерално обидувајќи се да обезбедат еднакви услови за пристап до сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборите.

Фокусот во известувањето и овде беше на двете коалиции предводени од ВМРО ДПМНЕ и од СДСМ кои имаа најмногу кандидати. Во последните девет дена од изборната кампања (во периодот од 5 до 13 октомври 2017 година) на кој се однесуваат денешните извештаи, прекршување на барањето за избалансирано покривање на изборите е констатирано само кај една телевизија. Во законски утврдениот рок Агенцијата ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка пред надлежен суд.

Од 22 регионални телевизии опфатени со мониторингот, само 2 не емитуваа вести. Само 8 од нив се обидоа да организираат и дебатни соочувања на кандидатите. Шест телевизии преземаа дебатни емисии и од ТВ 24 Вести и од ТВ 21-М, кои емитуваат програма на државно ниво. Карактеристично е тоа што во емисиите што ги преземаа гостуваа кандидати за општини надвор од нивното подрачје на емитување.

Платено политичко рекламирање

Во првиот круг од изборната кампања за Локалните избори кај медиумите на државно и регионално ниво што беа опфатени со мониторингот е регистриран голем обем платено политичко рекламирање. Најмногу реклами се емитувани за Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ (околу 157 часа), потоа за Коалицијата предводена од СДСМ (околу 65 часа), следуваат ДУИ (околу 13 часа) и Беса (околу 9 часа). Од телевизиите на државно ниво најмногу реклами се емитувани на ТВ Нова и на ТВ Сител, а од телевизиите на регионално ниво на ТВ О2 и на ХДТВ Мега.

Поединечните извештаи од мониторингот на радиодифузерите на регионални ниво се достапни на следниот линк

Прегледот на платеното политичко рекламирање може да се преземе на следниот линк 



Accessibility

Accessibility