КЗД одлучи да не поведува постапка против ТВ Алфа поради дискриминација

image_pdfimage_print

Скопје, 13.07.2018г. –Комисијата за заштита од дискриминација (КЗД) одлучи да не покрене постапка против ТВ Алфа за дискриминација по етничка основа сторена во емисијата „Миленко Неделковски шоу“ емитувана на 27.01.2018 година.

Во мислењето од КЗД по поднесената претставка од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се наведува дека таа „се однесува на погрешно лице (ТВ Алфа)“, бидејќи емисијата е самостоен надворешен проект и оти телевизијата пред почетокот на емитувањето се оградила од изнесените ставови.

Ваквите тврдења се неточни, бидејќи Законот јасно и недвосмислено ја лоцира одговорноста кај радиодифузерите за сите содржини емитувани на нивната програма, дотолку повеќе што емисијата не е емитувана во живо туку е однапред снимена и ТВ Алфа можела уреднички да интервенира.

Агенцијата се надева дека Комисијата ќе го преиспита ставот за неповедување постапка против ТВ Алфа.

Одговор на Мислењето на Комисијата за заштита од дискриминација за ТВ АЛФА

Мислење за ТВ АЛФА од Комисијата за заштита од дискриминација

Претставка за ТВ АЛФА до Комисијата за заштита од дискриминација 



Accessibility

Accessibility