Контролен програмски надзор врз Телевизија Канал 8

image_pdfimage_print

Скопје, 29.10.2018г. – Агенцијата спроведе контролен програмски надзор врз локалната Телевизија Канал 8 од Кочани, кој покажа дека телевизијата нема постапено по мерката-опомена, претходно упатена поради необјавување импресум. Спротивно на член 14 од Законот за медиуми, телевизијата Канал 8 од Кочани на 6 октомври 2018 година во повеќе емисии со различна програмска функција, не ги објави податоците што што е должна да ги емитува на соодветно место за секоја содржина од програмскиот сервис.

Извештајот од надзорот е достапен на линкот:

ТВ Канал 8 – (член 14 од Законот за медиуми) – 29.10.2018



Accessibility

Accessibility