Мерки-опомена за МРТ 1, МРТ 2 и ТВ Нова

image_pdfimage_print

Скопје, 12.02.2018г. – Агенцијата при програмски надзор врз програмските сервиси на Македонска Радиотелевизија МРТ 1 и МРТ 2,  и ТВ Нова, констатираше непочитување на законските одредби коишто се однесуваат на обврските за исполнување на квотата за изворно создадена програма, поради што им изрече мерки-опомена.</span

 

Мерка-опомена на МРТ 1 и МРТ 2 е изречена поради не емитување на најмалку 60% програма изворно создадена во Република Македонија на македонски јазик, ниту пак најмалку половина од таа програма во периодот од 07.00 до 19.00 часот, додека на ТВ Нова, поради не емитување најмалку 8 часа во текот на неделата, во периодот од 07.00 до 19.00 часот, музика од македонски автори и автори од етничките заедници кои не се мнозинство во РМ, и не обезбедување на пропорционална распределба – 50% да биде народна и 50% забавна музика.

Изречените мерки се достапни на следните линкови: 

– Прв програмски сервис МРТ 1 (член 92 ставови 2 и 14 од ЗААВМУ) – 12.02.2018
– Втор програмски сервис МРТ 2 (член 92 ставови 2 и 14 од ЗААВМУ) – 12.02.2018
– ТВ Нова (член 92 став 4 и 6 од ЗААВМУ) – 12.02.2018



Accessibility

Accessibility