Презентирана работната верзија на Стратегијата на регулаторното тело за развој на аудио и аудиовизуелната дејност за период 2019 – 2023г.

image_pdfimage_print

Скопје, 25.12.2018г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес одржа состанок, на кој ја презентираше работната верзија на Стратегијата на регулаторното тело за развој на аудио и аудиовизуелната дејност за периодот од 2019 до 2023 година.  Во Стратегија се утврдени насоките за дејствување на Агенцијата и активностите што ќе бидат преземени во следните пет години, а кои ќе придонесат да бидат подобрени голем број од аспектите во областа на медиумите.

Сите заинтересирани страни свои мислења и предлози во однос на работната верзија на Стратегијата, можат да достават на contact@avmu.mk, најдоцна до 25.01.2019 година.



Accessibility

Accessibility