Нова алатка за родовата еднаквост во медиумите

Скопје, 21.12.2017 – Во рамките на настојувањето на медиумските професионалци и на другите заинтересирани чинители континуирано да им обезбедува алатки за подигнување на свеста за улогата на медиумите во постигнувањето еднаквост меѓу жените и мажите, Агенцијата ја преведе на македонски и албански јазик Препораката за родова еднаквост во аудиовизуелниот сектор што Советот на Европа ја усвои во септември 2017 година.

Препораката CM/Rec(2017)9 од Комитетот на министри до земјите-членки  за родова еднаквост во аудиовизуелниот сектор е достапна на следниот линк.