Отворена јавна расправа за текстот на Нацрт – политиката за медиумска писменост

image_pdfimage_print

Скопје, 14 март 2019 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од денес отвора јавна расправа за текстот на Нацрт – политиката за медиумска писменост. Овој документ ги посочува компетенциите што ќе ги насочат иницијативите на Агенцијата за унапредување и обликување на вештините и ставовите кои ќе придонесат за промовирање на медиумската писменост, и ќе даде широк преглед на она што ја дефинира медиумската писменост.

 

Документ е подготвен во рамките на заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа „Зајакнување на судската експертиза за слободата на изразување и за медиумите во Југоисточна Европа (JUFREX)”.

Агенцијата ги повика сите заинтересирани и засегнати страни со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на contact@avmu.mk.

Јавната расправа е отворена до 24 март 2019 година.

 



Accessibility

Accessibility