Покренати прекршочни постапки против ТВ Нова, ТВ Алсат-М и ТВ 24 Вести

image_pdfimage_print

Скопје, 04.10.2017г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги врз основа на извештаите од извршениот мониторинг над изборното медиумско известување, а во согласност со Изборниот законик, поведе прекршочни постапки против ТВ Нова, ТВ Алсат-М и ТВ 24 Вести.


Прекршочни постапки против ТВ Нова и ТВ Алсат-М се поведуваат поради надминување на лимитот за платено политичко рекламирање. Мониторингот врз ТВ Алсат – М, пожажа дека на 26 и на 28 септември 2017 година, на еден реален час емитувана програма, одвоено е повеќе од законски дозволеното време за политичките партии во Собранието на РМ што немат пратеничка група. Со надзорот пак врз ТВ Нова, кој се однесува на периодот 28 септември и 1 октомври 2017 година, се утврди дека на еден реален час емитувана програма, емитувано е повеќе од дозволеното време за политичките партии во опозиција.

Прекршочна постапка за ТВ 24 Вести е покрената поради непочитување на правилата за објавување резултати од испитување на јавното мислење, во прилогот насловен – „Седми ден кампања за Локалните избори“, емитуван на 1 октомври 2017 година.

Извештаите од мониторингот на радиодифузерите се достапни на следните линкови:

ТВ Алсат-М – член 75-ѓ став 1 од Изборниот законик – 03.10.2017

ТВ Нова  – член 75-ѓ став 1 од Изборниот законик – 03.10.2017

ТВ 24 Вести – член 77 став 2 од Изборниот законик – 04.10.2017



Accessibility

Accessibility