Потпишан Меморандум за соработка со Агенцијата за комуникациски мрежи и услуги на Република Словенија

image_pdfimage_print

13.12.2017г. –Во рамки на билатерална средба, денес во Љубљана, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Агенцијата за комуникациски мрежи и услуги на Република Словенија, потпишаа меморандум за соработка. Целта на меморандумот е зајакнување на соработката помеѓу двата регулатора и преземање на активности од заеднички интерес.

Дел од активностите дефинирани во документот за сoработка се однесуваат на: размена на информации за развојот на политиките и стратегиите во областа на регулацијата на електронските медиумски услуги; имплементацијата на национални правни регулативи, како и нивните измени и дополнувања, преземање, онаму каде што е соодветно, заеднички активности и ставови пред европските и другите меѓународни организации од областа на електронските медиумски услуги.

На билатералната средба, покрај потпишувањето на меморандумот, двата регулатора споделија искуства за повеќе прашања со акцент на претходните и идни активности на полето на медиумската писменост, процесот на издавање на дозволи за радиодифузерите, мониторингот на медиумските содржини.



Accessibility

Accessibility