Преглед на радија кои доброволно пријавија дека во 2019г. ќе емитуваат македонска музика

image_pdfimage_print

Скопје, 11 март 2019г. – Законската можност на радијата за доброволно пријавување процент на емитување домашна музика, ја искористија 29 радиостаници, од кои 2 радија на државно ниво, 8 регионални радија и 19 радија кои емитуваат програма на локално ниво.

Радијата кои доброволно пријавија колкав процент музика на македонски и на јазиците на етничките заедници, ќе емитуваат на дневно ниво, добија намалување на надоместокот за дозвола соодветно на пријавениот процент.

Прегледот на радија кои доброволно пријавија дека во 2019 година ќе емитуваат македонска музика е достапен на линкот.



Accessibility

Accessibility