Претставници на ОБСЕ/ОДИХР во работна посета на АВМУ

image_pdfimage_print

Скопје, 21 март 2019 година – Делегација на ОБСЕ/ОДИХР, предводена од Корин Јонкер, шеф на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на претседателските избори 2019г., денес беше во работна посета на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Претставниците на Агенцијата информираа за текот, опфатот и наодите од мониторингот на известувањето на радиодифузерите, во периодот од 9 февруари до 6 март 2019 година. Воедно, на средбата се разговараше за последните измени на Изборниот законик, со акцент на имплементацијата на одредбите поврзани со платеното политичко рекламирање.

Овие прашања, како и правилата за изборно медиумско претставување се предмет на првиот јавен состанок на Агенцијата, којшто ќе се одржи на 27 март, во 12:00 часот.



Accessibility

Accessibility