Претстојниот референдум тема на состанокот со претставниците на ОБСЕ/ОДИХР

image_pdfimage_print

Скопје, 08.08.2018 – Делегација на ОБСЕ/ОДИХР, предводена од вишиот советник за избори, Стивен Мартин денеска во седиштето на Агенцијата за аудио аудиовизуелни медиумски услуги со претседателот на Советот на Агенцијата, Лазо Петрушевски и претставници на стручната служба разговараа за медиумското покривање и активностите на Агенцијата поврзани со претстојниот референдум.

Претставниците на Агенцијата информираа дека со оглед на тоа што во Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните нема прецизни правила за начинот на известување на медиумите и емитувањето јавна пропаганда,  изготвени се нацрт-препораки, кои ќе бидат финализирани откако на 17 август ќе заврши јавната расправа.

Во однос на Појаснувањето на ДИК за медиумите и медиумското претставување, Агенцијата го повтори својот став дека на сите заинтересирани субјекти треба да им се обезбедат еднакви услови за пристап до платената јавна пропаганда, со еднакви цени за сите.



Accessibility

Accessibility