Програмски надзoр врз кабелските оператори ИНФЕЛ-КТВ и КАБЕЛ-Л-НЕТ

image_pdfimage_print

Скопје, 19.10.2017г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен програмски надзор врз работата на кабелските оператори ИНФЕЛ-КТВ ОХРИД и КАБЕЛ-Л-НЕТ с.Лабуништа Струга.Надзорот се изврши со цел да се констатира дали овие кабелски оператори постапиле согласно одредбите од ЗААВМУ – за емитување или реемитување програмски сервиси со порнографија во кодиран облик, титлување, регистрирани програмски сервиси согласно член 141, и реемитување на програмски сервиси на домашни радиодифузери само во сервисната зона за која радиодифузерите имаат добиено дозвола за обезбедување на ТВ или радио емитување и врз основа на регулирани авторски и сродни права, согласно Законот за авторските права и сродните права.

Со надзор е констатирано дека двата кабелски оператори постапиле согласно законските одредби.

Извештаите може да се преземат на следните линкови:

ИНФЕЛ-КТВ
КАБЕЛ-Л-НЕТ



Accessibility

Accessibility