РАДИОДИФУЗЕРИТЕ ОБЕЗБЕДИЈА ЕДНАКВИ УСЛОВИ ЗА ПРИСТАП ДО ПРОГРАМИТЕ ВО ПРВИОТ КРУГ ОД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

image_pdfimage_print

Скопје, 19 октомври 2017г. – Програмските сервиси на државно ниво, опфатени со мониторингот на Агенцијата, во првиот круг од Локалните избори генерално обезбедија еднакви услови за пристап до сите облици на изборно медиумско претставување.

Голем дел од нив вложија напори да организираат и дебатни соочувања на учесниците во изборниот процес. Од друга страна, дел од кандидатите учествуваа во посебните информативни емисии кај едни медиуми, а не одговараа на поканите на други медиуми.

Јавниот радиодифузен сервис и Собранискиот канал ги исполнија обврските да обезбедат бесплатно политичко претставување, кое учесниците во изборната кампања го искористија со различен интензитет. Карактеристично е што партиите на Албанците во Македонија не ја искористија можноста за бесплатно претставување.

Во последните 9 дена од изборната кампања (од 5 до 13 октомври 2017г.), радиодифузерите што емитуваат програма на македонски јазик, во вестите беа фокусирани на известување за кампањите на двете коалиции кои имаа најголем број потврдени листи со кандидати за градоначалници и советници – едната предводена од СДСМ, а другата од ВМРО ДПМНЕ. Радиодифузерите што емитуваат програма и на албански и на македонски јазик имаа квантитативно повоедначен пристап во известувањето. И едните и другите, квалитативно настојуваа да обезбедат еднаков третман.

Во овој извештаен период не беше констатирано прекршување на барањето за правично, избалансирано и непристрасно покривање на изборите. Поединечните извештаи од мониторингот на националните радиодифузери можат да се преземат на следниот линк.



Accessibility

Accessibility