Реакција за заканите упатени кон претседателот на ЗНМ

image_pdfimage_print

Скопје, 08.03.2018г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ги осудува заканите упатени кон Претседателот на Здружението на новинарите, Насер Селмани.

Заканите и нападите врз новинарите се апсолутно неприфатливи и претставуваат поткопување на демократијата и на правото на јавноста за објективно и професионално информирање. Ваквите појави придонесуваат за слабеење на слободата на медиумите и на нивната способност за слободно и независно известување.

Агенцијата апелира да им се овозможи на новинарите непречено да ја вршат својата работа, ослободени од какви било закани и притисоци.



Accessibility

Accessibility