Редовен административен надзор врз девет издавачи на печатени медиуми

image_pdfimage_print

Скопје, 10.06.2019 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен административен надзор за обврската за објавување податоци за седиште, уредништво, податоци за печатницата, датум на печатење и број на печатени примероци од Законот за медиуми врз издавачите на печатени медиуми РЕПРО ПРИНТ ДООЕЛ ( весникот „Нова Македонија“) СЛОБОДЕН ПЕЧАТ ДОО (весникот „Слободен печат“) ВЕЧЕР ПРЕС ДООЕЛ (весникот „Вечер“), КОХА ПРОДУЦТИОН ДОО (весникот „Коха“), КАПИТАЛ МЕДИА ГРОУП ДОО (весникот „Капитал“), МЕДИА ПЛУС ФОКУС ДООЕЛ Скопје, (весникот „Фокус“), ЈЕНИ БАЛКАН ДООЕЛ (весникот „Јени Балкан Хафтал’к Билтен“), АТВ МЕДИА КОМПАНИ (весникот „Лајм“) и ИНДЕПЕНДЕНТ БАЛКАН ЊУС АГЕНСИ ДОО (весникот „Независен весник“).

Надзорот покажа дека издавачите во целост ја исполниле обврската утврдена со Законот за медиуми.

Извештајот е достапен на следниот линк:

Општ извештај – редовен административен надзор на издавачи на печатени медиуми (член 14 став 1 од ЗМ) – 10.06.2019



Accessibility

Accessibility