Редовен административен надзор врз ТВ Шења, ТВ Клан Македонија, 1 ТВ и ТВ 21-М

image_pdfimage_print

Скопје, 15 април 2019г. – Редовен административен надзор за почитувањето на обврските за објава на импресум, за објава на идентификација на радиодифузерите и на податоците кои треба да се направат достапни до корисниците, извршен е врз ТВ Шења, ТВ Клан Македонија, 1 ТВ и ТВ 21-М. Предмет на надзорот е програмата на радиодифузерите емитувана на 2 февруари 2019 година.

При надзорот, кај ТВ Шења е утврдено дека во дел од програмите не се објавени податоците со кои се идентификуваат авторите кои учествуваат во изработка на аудиовизуелните содржини и не се обезбедени информациите што треба да се направат достапни до корисниците. Кај 1ТВ и ТВ 21-М, во дел од прилозите во информативните програми „Вести“ не се целосно објавени податоците за импресум. На програмата на ТВ Клан Македонија не се констатирани прекршувања.

Извештаите од извршените надзори се достапни на следните линкови:

ТВ Шења (прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 15.04.2019

ТВ Шења (прекршување на член 14 од ЗМ) – 15.04.2019

ТВ 21-М (прекршување на член 14 од ЗМ) – 15.04.2019

1ТВ (прекршување на член 14 од ЗМ) – 15.04.2019

ТВ Клан Македонија (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 15.04.2019



Accessibility

Accessibility