Редовен програмски и административен надзор врз МРТ 1 и МРТ 2

image_pdfimage_print

Скопје, 28.12.2018г. – Врз Македонска телевизија Прв програмски сервис (МРТ 1) и Втор програмски сервис (МРТ 2), Агенцијата изврши редовен програмски надзор за законските одредби коишто се однесуваат на заштита на малолетните лица од програми што би можеле да им наштетат на нивниот физички, психички или морален развој, правила за емитување аудиовизуелни комерциjални комуникации, обврски при обезбедување квизови или други облици на наградно учество, користење телефонски услуги со додадена вредност и телефонско гласање и емитување игри на среќа. Надзорот покажа дека двата програмски сервиса МРТ 1 и МРТ 2 постапиле согласно законските одредби од ЗААВМУ.

Агенцијата спроведе  и редовен административен надзор врз МРТ 1 и МРТ 2, за обврските за објава на импресум, идентификација на радиодифузер и за информации кои треба да се достапни до корисниците. Со надзорот не се констатирани прекршувања.

Извештаите се достапни на следните линкови:

Прв програмски сервис (МРТ 1) – (член 50 став 3, членови 53, 54, 55, 98, 99, 101 и 103, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 27.12.2018

Прв програмски сервис (МРТ 1) – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 27.12.2018

Втор програмски сервис (МРТ 2) – (член 50 став 3, членови 53, 54, 55, 98, 99, 101 и 103, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 27.12.2018

Втор програмски сервис (МРТ 2) – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 27.12.2018



Accessibility

Accessibility