Редовен програмски надзор врз кабелските оператори КДС-ВТ, КОМБО 2003 и СИГНАЛ-НЕТ

image_pdfimage_print

Скопје, 21.05.2018г. – Агенцијата изврши редовен програмски надзор врз кабелските оператори КДС-ВТ, КОМБО 2003 и СИГНАЛ-НЕТ за законските одредби коишто се однесуваат на обврските за регистрација на програмските сервиси во Агенцијата и за титлување на македонски или на јазикот на заедницата која не е мнозинство во РМ.

Надзорот врз КОМБО 2003 и СИГНАЛ-НЕТ покажа дека операторите реемитувале програмски сервиси, кои не се опфатени со потврдите за регистрација на програмски сервиси издадени од Агенцијата, додека кај операторот КДС-ВТ не се констатирани прекршувања.

Извештаите се достапни на следните линкови:

КДС-ВТ – (член 64 став 2 и член 141 од ЗААВМУ)
КОМБО 2003 – (член 64 став 2 и член 141 од ЗААВМУ)
СИГНАЛ-НЕТ – (член 64 став 2 и член 141 од ЗААВМУ)



Accessibility

Accessibility