Редовен програмски надзор врз РА Антена 5, РА Канал 77 и РА Метрополис

image_pdfimage_print

Скопје, 13.09.2018г. – Агенцијата изврши редовен програмски надзор врз РА Антена 5, РА Канал 77 и РА Метрополис, за законските одредби кои се однесуваат на обврските за употреба на јазикот во програмите на радиодифузерите, емитување најмалку 18 часа програма на радио, емитување најмалку 50% изворно создадена програма во РМ на македонски јазик, од која половина во периодот од 7 до 19 часот и најмалку 40% од дневно емитуваната инструментална, вокална и/или вокално-инструменална музика да биде на македонски јазик.

Надзорот покажа дека радиодифузерите постапиле согласно законските одредби од ЗААВМУ.

Извештаите се достапни на линковите:

РА Антена 5 – (член 64, член 90, член 92 ставови 1 и 14 и член 92 став 15 од ЗААВМУ) – 12.09.2018

РА Канал 77 – (член 64, член 90, член 92 ставови 1 и 14 и член 92 став 15 од ЗААВМУ) – 12.09.2018

РА Метрополис  – (член 64, член 90, член 92 ставови 1 и 14 и член 92 став 15 од ЗААВМУ) – 12.09.2018



Accessibility

Accessibility