Редовен програмски надзор врз шест оператори

image_pdfimage_print

Скопје, 17.05.2019 – Врз операторите Мултимедија Нетворк Л од Гостивар, Теленет Ком од Тетово, Скупи Кабле од Скопје, Мултимедија Нет од Скопје, Вива Нет од Берово и Неотел од Скопје, извршен е редовен програмски надзор за обврските за регистрација на програмски сервиси и титлување на програмските сервиси кои операторите ги реемитуват.

Со надзорот беше констатирано дека операторот Неотел ги реемитува програмските сервиси ”Da Vinci”, “Jim Jam”, “Сител” и “ТВ 21”, кои не се опфатени со потврдите за регистрација на програмски сервиси издадени од Агенцијата, додека операторот Вива Нет ги реемитува програмските сервиси „Film Box Arthouse “, „Fast&Fun Box”, „Fashion Box”, „Film Box Extra”, “Film Box Plus“, “360 Tune Box”, “Docu Box”, “Cinestar”, “Cinestar Action&Thriler”, “Da Vinci”, “Boomerang”, “Cartoon Network” I “CNN”, кои исто така не се регистрирани во Агенцијата.

Извештаите од надзорот се достапни на следните линкови:

Мултимедија Нетворк Л – (член 64 став 2 и член 141 од ЗАВМУ) – 17.05.2019

Теленет Ком – (член 64 став 2 и член 141 од ЗАВМУ) – 17.05.2019

Скупи Кабле – (член 64 став 2 и член 141 од ЗАВМУ) – 17.05.2019

Мултимедија Нет – (член 64 став 2 и член 141 од ЗАВМУ) – 17.05.2019

Вива Нет – (член 64 став 2 и член 141 од ЗАВМУ) – 17.05.2019

Неотел – (член 64 став 2 и член 141 од ЗАВМУ) – 17.05.2019



Accessibility

Accessibility