Агенцијата го одржa својот прв јавен состанок

Скопје, 19.03.2014г. – Денес, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги согласно обврските утврдени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го одржa својот прв јавен состанок.

Неговата цел беше им се овозможи на сите заинтересирани страни да ги изразат своите ставови и мислења по однос на развојот на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги во Република Македонија.

Состанокот го водеа д-р Зоран Трајчевски, Претседател на Советот на Агенцијата и д-р Милаим Фетаи, заменик на претседателот на  Советот на Агенцијата. Раководителот на  Стручната служба на Агенцијата м-р Андриана  Скерлев – Чакар го презентираше статусот на  реализација на активностите на Агенцијата од  стапувањето на сила на новиот закон,  исполнувањето на целите од годишната  програма за работа на АВМУ, додека  раководителот на Секторот за истражување и  долгорочен развој м-р Магдалена Давидовска  Довлева се осврна на состојбите на пазарот на радиодифузна дејност, интерпретирајќи ги притоа резулатите од анализата на пазарот за 2012 година.

Професорот м-р Лазар Секуловски од Факултетот за драмски уметности се осврна на светските и регионалните искуства во поглед  на интеграцијата на медиумското образование во националниот односно регионалниот училишен наставен план и говореше за потребите и можностите за имплементација на медиумското образование во образовниот систем на Република Македонија.

Искажаните ставови и мислења од првиот јавен состанок, како и ставот на Агенцијата по однос на истите ќе бидат објавени на веб страницата на Агенцијата во рок од седум дена од денот на одржувањето на јавниот состанок.

Презентации од состанокот

м-р Андриана Скерлев-Чакар

м-р Магдалена Давидовска Довлева

м-р Лазар Секуловски

Ставот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за првиот јавен состанок може дa се преземе  на следниот линк



Accessibility

Accessibility