Хроника од 12-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 13.03.2019г. – Советот на Агенцијата го одобри и го стави на разгледување Нацрт-годишниот извештај за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2018 година.

Усвоен е и Извештајот за спроведување на Програмата за поттикнување на медиумската писменост во Република Македонија (2016-2018).

Врз основа на целосно исполнување на обврската од член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Советот донесе две Решенија за запирање на покренати постапки за одземање на дозволата за телевизиско и радио емитување на ТРД ТВ Шутел ДООЕЛ Скопје и ТРДД Радио Фама ДОО Тетово.

Поради констатирани прекршувања изречени се мерки јавни опомени на: Македонска телевизија – втор програмски сервис (МРТ2), Македонско радио – Прв програмски сервис (МРА1), Македонско радио – втор програмски сервис (МРА2), Македонско радио – трет програмски сервис (МРА3) и телевизија Макпетрол.

Писмено укажување е упатено до ТРД 1 ТВ поради прекршување на член 61 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги – начела за вршење на дејноста.

По констатирана грешка во писмен извештај за извршен административен надзор, Советот на Агенцијата го прифати известувањето и донесе заклучок со кој ќе се извести ТРД Канал 5 дека извештајот е сторниран.

На седницата, Советот донесе и Решенија за бришење од регистарот на радиодифузери на следниве радиодифузери: ТРД К ТРИ Телевизија ДООЕЛ Куманово, ТРД СКОПЈЕ ДОО Скопје и ТРД КАНАЛ 5 Плус ДООЕЛ Скопје.

Советот на Агенцијата го прифати барањето на вработен во Агенцијата и донесе Заклучок за одложување на рокот за полагање на испит.

 



Accessibility

Accessibility