Хроника од 7-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 16.02.2017г. – Поради прекршување на член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно поради неплаќање на надоместокот за дозволата во утврдениот рок, Советот на Агенцијата покрена постапки за одземање на дозволите за телевизиско и радио емитување на следните радиодифузери: ТВ ЛАЖАНИ ДООЕЛ с.Лажани, Долнени, РАДИО 5 ЧОКИ ДООЕЛ Прилеп, ХДТВ МЕГА ДООЕЛ Скопје и ХДТВ КАНАЛ ПЛУС ДООЕЛ Скопје.

Воедно, Советот донесе и Решение за запирање на покрената постапка за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД БИ-КИ-АЛ ДООЕЛ Битола, поради извршена уплата на долгот.



Accessibility

Accessibility