Јавна опомена за МРА 1, МРА 2, МРА 3 и МРТ 2

image_pdfimage_print

Скопје, 11 март 2019г. – Советот на Агенцијата врз основа на констатирани прекршувања на законските одредби, за програмските сервиси на Јавниот радиодифузен сервис  – МРА 1, МРА 2, МРА 3 и МРТ 2, донесе Решенија за јавно опоменување. Јавна опомена на МРА 1 и на МРА 2 им е изречена заради необезбедување доволен процент на домашна музика, додека на МРА 3 и МРТ 2 заради необјавување на податоци за импресум.

Решенијата за изречените мерки јавна опомена се достапни на линковите:

– Решение за преземање мерка – јавна опомена за  Прв програмски сервис МРА 1 – (член 92 став 4 од ЗААВМУ) – 08.03.2019

– Решение за преземање мерка – јавна опомена за Втор програмски сервис МРА 2 – ( член 92 став 4 од ЗААВМУ) – 08.03.2019

– Решение за преземање мерка – јавна опомена за Трет програмски сервис МРА 3 – (член 14 од ЗМ) – 08.03.2019

– Решение за преземање мерка – јавна опомена за  МРТ 2  – (член 14 од ЗМ) – 08.03.2019



Accessibility

Accessibility